ГРАД СКОПЈЕ

Поставени осум туристички патоказни табли (ФОТО)

За промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите, Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот.

 

Како дел од проектот „Поставување на туристички патоказни табли“, велат од Град Скопје, поставени се 8 столба со по 3 патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

Овие туристички табли се поставени на следните локации:Плоштад „Филип Втори“, наспроти црквата „Свети Димитрија“ и до Камениот мост. На Плоштад „Македонија“ до Ристиќевата палата, наспроти Порта Македонија, наспроти Собрание на РМ, меѓу хотелот „Холидеј ин“ и мостот како и на улица Македонија, кај пешачкиот „Рекорд“ и кај пешачкиот на улицата Даме Груев.

 

 

 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе