Посебен сообраќаен режим утре поради фудбалскиот натпревар Вардар-Апоел

Поради големиот интерес за меѓународниот фудбалски натпревар од квалификациите за „Лига на Шампиони" помеѓу фудбалските клубови „Вардар" од Скопје и „Апоел" од Никозоја, Кипар, кој ќе се одигра на 21 јули со почеток во 20 часот на Националната aрена „Филип II Македонски",  од Министерството за внатрешни работи (МВР) очекуваат зголемен интензитет на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат кон и околу националната арена.

Од овие причини, велат до МВР, ќе биде воведен и посебен режим на одвивање на сообраќајот. Започнувајќи од 17 часот  ќе биде затворен за сообраќај потегот  од крстосницата на улиците “Аминта III“-“Јордан Хаџикостантинов-Џинот “ кон фудбалскиот стадион, при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Во периодот после 18.30 часот, во зависност од интензитетот на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот со возила од булеварот „Илинден“ кон стадионот, односно на крстосниците долж булеварот“Илинден“ ќе се врши селективно пропуштање на возила кон стадионот. Во попладневните часови ќе се превземаат мерки за расчистување на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот како и дислоцирање на затекнатите возила.

По повод истиот настан, навивачката група на ф.к.„Вардар“ –„Комити“, како зборно место за своите членови го одреди платото пред соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во 17.30 часот, од каде пеш ќе се упатат кон градскиот парк по бул.“Св.Климент.Охридски“, лево по бул.“Илинден“, десно по ул.“Наум Наумовски.Борче“ кон фонтаната во градскиот парк. За време на движењето на навивачите ќе се превземаат мерки за физичко регулирање и пренасочување на сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите граѓани, учесници во сообраќајот да бидат трпеливи, да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно и хумано, грижејки се како за сопствената така и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, како и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе