Посебен сообраќаен режим поради ридско брзинскиот натпревар во автомобилизам

Денеска и утре во периодот од 9 до 16 часот ќе се одржи меѓународен ридско брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019", организиран од страна на АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје со старт од улицата „Тодор Александров", па до Средно Водно во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе