Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Поради одржување на ревијална трка „Вози право, вози здраво”, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.

Фото: Роберт Атанасовски

Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски”, десно по улицата „Даме Груев”, право по булеварот „ВМРО” до крстосницата со булеварот „Илинден”, лево по булеварот „Илинден” до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче” – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе