Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ Арсовски, Митева и Стоилковски предложени за членови на Управни одбори во Водовод и ЈСП

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на листите на предлози за членови на  управни и надзорни одбори на јавни претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје за кои Советот ќе расправа на седницата што е закажана пред новогодишните празници, на 29 декември.

Марија Митева и Димче Арсовски се предложени за членови на Управниот одбор на ЈП„ Водовод и канализација“-Скопје, а Наум Стоилковски за член на Управниот одбор на ЈСП „Скопје“.

Меѓу предлозите потпишани од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески е и Јелена Жугиќ, за член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар.

СДСМ обвини дека „независната“ Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје

тргнува во груба партизација на јавните установи и јавните претпријатија под надлежност на Градот и предлага поставување лица на режимот на клучни позиции.

„Предлог листите за членови на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје.

Според него, Арсовска силно ги поддржува лажните вести од Белиот дворец.

„Толку од наводната независност на Данела Арсовска. Арсовска секојдневно покажува дека освен партизација на институциите, освен блокирање важни проекти за скопјани, ништо друго нема намера да работи. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето“, рече Попов.

 

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе