Поради Задушница од утре до недела посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради верскиот празник Задушница утре (21.02) петок, како и во деновите од викендот (22 и 23.02), сабота и недела, во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, сообраќајната полиција ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ - по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и наредбите на униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

 

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе