Поради протестот за „Монструм“ утре изменет сообраќање режим во Скопје

„Утре (02.04.2021 - петок) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата на Република Северна Македонија. Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош", „Џон Кенеди", „Цветан Димов", како и бул.„Крсте Мисирков", бул.„Гоце Делчев", дел од ул.„Филип Втори', дел од булеварите „Илинден", „ВМРО" и „Климент Охридски", информираат од МВР.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе