Поради протест утре посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи најави дека утре  ќе има посебен сообраќаен режим во сообраќајот во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме".

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје  утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието на Република Северна Македонија. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври", а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден", десно по бул.„ВМРО" и лево по ул.„Димитрие Чуповски", при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе