„Попреченоста е само прашање на перцепција“: скопски основци вклучени во кампањата Инклузија без граници

Ученици од основни училишта од Скопје беа вклучени во четирите работилници наменети за поголема инклузивност на децата со образовна попреченост што се одржаа во текот на февруари и март, каде што учениците се дружеле и заеднички учеле преку едукативни игри.

Активностите се спроведуваа како дел од кампањата ,,Инклузија без граници”, во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“ кој го реализира Здружението „Мултиетничка организација за интернационални култури — МОЗАИК-М, Скопје“, a e подржан од Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) финансиран е од Европската Унија.

Главната цел на кампањата беше прифаќање и инклузија на учениците со посебни образовни потреби во образованието преку креативни активности.

„За време на работилниците децата ни потврдија дека попреченоста е навистина само прашање на перцепција и не треба да не ограничува во играта, учењето и другарувањето. Вкупно 14 ученици беа вклучени од две училишта на територија на Град Скопје- ПОУ „Златан Сремец” и ООУ „Владо Тасевски”. Кампањата влијаеше во надминување на дискриминацијата и неприфаќањето на учениците со посебни образовни потреби и создавање на меѓусебно разбирање на различностите помеѓу сите ученици“, велат од МОЗАИК-М. 

Од здружението додаваат дека предизвик во иднина е целосна инклузија и вклученост на лицата со посебни потреби не само во образованието, туку и во општеството како целина, со што ќе им се овозможи квалитетен и исполнет живот.

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамките на проектот на УСАИД, во која се вклучени 4 комори за да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

повеќе