Активностите се спроведуваа како дел од кампањата ,,Инклузија без граници”, во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“ кој го реализира Здружението „Мултиетничка организација за интернационални култури — МОЗАИК-М, Скопје“, a e подржан од Институтот за медиуми и различности од Лондон (МДИ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) финансиран е од Европската Унија.
Главната цел на кампањата беше прифаќање и инклузија на учениците со посебни образовни потреби во образованието преку креативни активности.
„За време на работилниците децата ни потврдија дека попреченоста е навистина само прашање на перцепција и не треба да не ограничува во играта, учењето и другарувањето. Вкупно 14 ученици беа вклучени од две училишта на територија на Град Скопје- ПОУ „Златан Сремец” и ООУ „Владо Тасевски”. Кампањата влијаеше во надминување на дискриминацијата и неприфаќањето на учениците со посебни образовни потреби и создавање на меѓусебно разбирање на различностите помеѓу сите ученици“, велат од МОЗАИК-М.
Од здружението додаваат дека предизвик во иднина е целосна инклузија и вклученост на лицата со посебни потреби не само во образованието, туку и во општеството како целина, со што ќе им се овозможи квалитетен и исполнет живот.