Време

Попладне пад на температурите и врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се движиод два до девет степени, а дневната температура од 11 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 16 степени.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе