Полицискиот синдикат и раководството на МВР постигнаа договор, двоен потпис за сите наредби

Со потпишување на записникот од три работни состаноци од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев успешно завршиле преговорите со раководството на МВР.

Договорено е, соопштија од Македонскиот полициски синдикат, при издавањето наредби за извршување на работни задачи тие да бидат со точно определен рок на важност односно до завршување на мандатот на техничката влада, потоа сите издадени наредби да бидат задолжително потпишани од министерот и дополнителниот заменик министер.

„Како факт со кој ние како синдикат сме особено сме задоволни е тоа што при секое поместување на колегите истите ќе ја добиваат платата која е поповолна за нив и не се повредува ниту едно право од работен однос“, велат од Македонскиот полициски синдикат од каде изразуваат уверување оти веќе од денеска ќе се надмине актуелната состојба во МВР.

Како што соопштија од Македонскиот полициски синдикат, преговорите се завршени по одржани три работни состаноци во просториите на МВР на кој учествувале министерот Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Петровска и директорот на БЈБ Сашо Тасевски со своите работни тимови, како и претсдателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев, генералниот секретар Киро Трајковски и советникот на претседателот на синдикатот Златко Цветковски.

Како причина за работната средба била актуелната состојба во МВР на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата, со што сите вработени во министерството биле доведени во една конфузна и збунувачка состојба што пак, стои во соопштението од МПС, им преставуваше сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

„Со оваа активност ние како како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш докажавме дека сме сериозна синдикална органзиација на која еден од основните постулати е заштита на правата од работен однос на своите членови“, се подвлекува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат. 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе