Писмо од Љубљана

Полицајците од Словенија ветија дека ќе упатат порака до ЕУ за односот на МВР кон Независниот синдикат

Независниот синдикат на полицијата на Македонија доби поддршка од Европскиот синдикат на полицијата во Словенија (СПС) и критика за МВР и Владата на РСМ за непочитување на владеење на правото.

Синдикатот на полицијата на Словенија откако ја согледа ситуацијата во која се наоѓаат припадниците на Независниот синдикат на полицијата во Македонија (НСП), земја која претендира да добие датум за преговори со Европската Унија, донесе одлука да упати јасна и недвосмислена порака и критика до тамошното Министерство за внатрешни работи како и до Владата на Македонија.

„Како европски синдикат за целата ситуација ќе ги запознаеме највисоките инстанци на ЕУ околу прашањето како тоа земја која има високи аспирации веќе една година на вработените во МВР, членови во НСП, не им се признава репрезентативност. Ова право е стекнато со закон повеќе од една година. Одговор бараме и на прашањето зошто поради синдикални активности за подобрување на работните права на вработените, претставниците на НСП се соочуваат со невиден мобинг.

Нашите информации говорат дека во овој момент отпочнати се незаконити распоредувања за да се внесе страв преку безмилосен напад на професионалниот интегритет и упад во синдикалното работење на синдикалните претставници.

Притисоците врз Независното синдикално полициско движење во Македонија кон вработени и претставниците на НСП секојдневно се демонстрираат со уште повеќе сила.

Свесни за сите недоследности околу кршењето на работничките права почнувајќи од највисоките структури во Министерството, гласот за ваквото однесување ќе допре до сите надлежни институции на ЕУ, а ние како европски синдикат со сите наши сили ќе помогнеме да го докажеме незаконското постапување“, се вели во писмото на словенечкиот синдикат до НСП.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе