Почнува изградбата на 20-катница кај „Холидеј Ин“

Денеска на паркингот пред „Холидеј Ин“ започнува со изградба првата фаза на комплексот „Гранд“ на градежната парцела 1.1 во рамките на ДУП Ц08 за Ново Маало на територијата на Општина Центар, а во согласност со претходно добиеното Одобрение за Градење УП 1 Бр. 27-92 од 13 април, информира МГ Фешн ДОО Скопје.

Во оваа прва фаза започнува изградбата на станбено-деловниот објект кој содржи три нивоа под земја, приземје плус дваесет ката и поткровје. Објектот, како што најавуваат од компанијата, ќе биде изграден согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои имаат минимално влијание врз животната средина. Подземните нивоа се наменети за паркирање на возила, приземјето и првиот кат се со деловна намена, додека останатите катови се станбени единици со различна големина. Објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници на станбените единици како и целосно искористување на природната светлина и визури, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.

„Сакаме да нагласиме дека во рамките на ДУП Ц08 предвидена е и јавна површина од вкупно 7.500 метри квадратни или приближно површина колку Плоштад Македонија во центарот на Скопје. Нашата визија за овој јавен простор е да се уреди на современ начин, налик на урбаните паркови во светските метрополи, како на пример оној на ‘Porta Nuova‘ во Милано, а за идејно решение ќе предложиме да биде распишан јавен конкурс во соработка со Општина Центар. МГ Фешн ДОО Скопје како општествено одговорна компанија, на свој трошок, ќе ги обесштети сите жители на Ново Маало кои имаат имот на овој простор, без разлика што на истиот не е предвидена никаква изградба на градежен објект, и тоа на ист начин и во ист сооднос како и на жителите на Ново Маало на чии имот е предвидена изградба на објекти“, пишува во соопштението.

Во однос на обесштетувањето, МГ Фешн ДОО Скопје потсетува дека со целосната реализација на овој проект, жителите на Ново Маало конечно ќе ги почувствуваат бенефитите на современото урбано живеење во главниот град преку урбано регенерирање на овој значаен простор во срцето на Скопје. Станува збор за обесштетување на повеќе од 300 жители кои сè уште опстојуваат таму како староседелци во центарот на Скопје и кои повеќе од седум децении живеат во супстандардни услови, без фекална и атмосферска канализација, во објекти изградени кон крајот на 19-ти или почетокот на 20-ти век, а притоа со децении имале забрана за каква било реконструкција, доградба или изградба на нивните домови. Истовремено, МГ Фешн ги повикува сите жители на Ново Маало кои имаат имот на оваа територија на ДУП Ц08, а со кои досега не се склучени договори за обесштетување, без разлика дали на нивниот имот е предвидена изградба на објекти или јавен простор, да ги контактираат  за да можат да склучат соодветни договори за обесштетување со цел изградба на целиот станбено-деловен комплекс предвиден со ДУП Ц08.

Жителите од Ново Маало, го поздравија отпочнувањето на градба на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“, на градежната парцела спроти „Холидеј Ин“ и очекуваат да добијат достојни услови за живот, како што доликува на едно централно градско подрачје.

„Повеќе од 50 години живеевме во услови како од 19-от век, без фекална и атмосферска канализација, со септички јами, нерешено греење и без основни услови за движење низ улиците, притоа и без никаква можност самите да го решиме овој проблем и самостојно да пристапиме кон легална реконструкција на нашите домови.

На овој простор нема никакво зеленило, ниту инфраструктура, единствено кал, распукан бетон и депонија за отпад.

Воедно, потсетуваме дека доколку дојде до какви било обиди за повторни опструкции од кои било поединци, институции или организации за стопирање на проектот, најостро ќе реагираме и подготвени сме да ги преземеме сите правни механизми и ќе поднесеме тужби до институциите за претрпена штета“, велат жителите на Ново Маало.

 

 

 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе