Почна проширувањето на улицата Јордан Мијалков (ФОТО)

Улицата Јордан Мијалков ќе се прошири и ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата Герман до пред раскрсницата со улицата Павел Шатев.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска го означија стартот на градежните работи за проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка). 

Улицата Јордан Мијалков ќе се прошири и ќе се реконструира на потегот од крстосницата со улицата Герман до пред раскрсницата со улицата Павел Шатев.

„Улицата Јордан Мијалков со овој проект ќе се прошири во должина од 750 метри, а проширувањето ќе се изведува по левата страна, гледано од булеварот Мајка Тереза кон улицата Павел Шатев. По проширувањето, оваа сообраќајница ќе добие три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, средишна жардиниера со зеленило (1,5 метри), сервисна коловозна лента со паркинг широка 6 метри и тротоар покриен со бекатон-плочки.

Реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација, а ќе се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа. На проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за поставување на осветлувањето ќе биде задолжена фирмата Дигитал ДОО Струмица. Градежните работи на оваа сообраќајница треба да завршат за околу 150 работни дена. Градот Скопје, за градежните работи и за осветлувањето на улицата Јордан Мијалков, ќе вложи околу 47 милиони денари“,  рече денеска градоначалникот Трајановски.

Проширувањето на улицата Јордан Мијалков во голема мера ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж од центарот на градот кон Кисела Вода, ќе се скрати времето на патување, а со тоа ќе се намали и загадувањето од сообраќајот.

 

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе