По штрајкот

ПОЦ со апел до пазарџиите да ги прифатат новите цени за паркинг и решение на проблемот да бараат од Скопски Пазар

Решението на проблемот треба да се бара во Скопски Пазар кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, велат од ПОЦ. 

ЈП „Паркинзи на Општина Центар” преку соопшение изразија жалење за незадоволството кое денеска, преку штрајк, го манифестираа пазарџиите, сопственици на тезги на „Зелен Пазар“ во Општина Центар и апелира до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Аутомакедонија“ како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите.

„Претпријатието е формирано од Општина Центар со цел да го регулира и решава проблемот со паркирањето на територија на општината, при што приоритет за паркирање имаат жителите“, велат од ПОЦ појаснувајќи дека затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“ се наоѓа во непосредна близина на Зелен Пазар и со години наназад е преоптоварено и злоупотребувано од луѓето кои работат таму поради што во изминатиов период вовеле неколку мерки за решавање на овој проблем, односно поставиле нов систем за препознавање на регистарски таблички, систем со двојни рампи за контрола на пристап на возила и како последна мерка и ги зголемија цените за 1 час паркирање за да им овозможат, како што велат, на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови.

„Со поставувањето на ANPR камерите ПОЦ има многу поголема контрола на злоупотребите кои се вршат на ова паркиралиште. Имено, пазарџиите кои редовно секоја година добиваа повластена паркинг карта за вработени во деловен субјект и картичка за влез за нивните автомобили, тие истите ги користеа за тешки товарни возила за кои ЈП ПОЦ, согласно Одлуката на Општина Центар каде што е дозволено товарните возила да вршат дотур на роба до 07:00 часот, веќе им овозможи бесплатен дотур на роба од 05:00 до 07:00 часот на ова паркиралиште. Затоа, ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги раскине договорите за паркинг на сите оние кои ќе вршат ваков тип на злоупотреба“, велат од ПОЦ. 

Со воведувањето на овие мерки од ПОЦ сметаат дека ќе стават крај на неправилностите кои се случуваат години наназад и, како што велат, ќе се направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Аутомакедонија“ коишто заради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето.

ЈП Паркинзи на Општина Центар смета дека решението на проблемот треба да се бара во Скопски Пазар кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе