По одлуката на Уставниот суд

По укинувањето на мораториумот, во Центар геодетите и инвеститорите веднаш излегоа на терен

На тендерот на општина Центар „Билд урбан" имаше најевтина понуда од само еден денар за цртање на планот за паркингот пред хотелот „Холидеј ин". Чудно, ама вистинито. Решението на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градба на територијата на општина Центар само ги потврди сомневањата во јавноста за тоа кој е посилен во оваа држава - јавниот или приватниот интерес. Засега, како и порано, победува - вториов.

Заокружениот објект на оваа макета е хотелот „Холидеј ин“

Триесетдневното укинување на мораториумот за градба на територијата на општина Центар е доволно време за она што е нацртано како маркица да се добие и градежна дозвола. Од неколку локации во Центар добиваме информации дека инвеститорите, заедно со геодетите по одлуката на уставните судии за укинување на мораториумот, веднаш излегоа на терен за да си ги реализираат планираните градби. Во овој дел од процедурата, во Центар доминираат три фирми.

На прашањето на МКД.мк зошто додека траеше мораториумот не се направени некои промени во урбанистичките планови за општина Центар, Јана Белчева, претседателката на Советот на Центар прстот го впери во бироата за планирање на просторот. „Три вакви компании работат со години со општината и одбиваат да направат промени врз основа на забелешките од стручната комисија. Тоа се истите планерски куќи кои работеле и претходно, со претходните општински раководства“, вели Белчева.

Најголемиот дел од урбанистичките планови за општина Центар и претходно и сега се изработени од „Билд урбан“, „Ин-пума“ и „Тајфа план“. Првата за тендерот за просторот пред „Холидеј ин“, каде се предвидени две шеесетокатници понуди цена од еден денар. И го доби тендерот. Вообичаена цена за вакви планови се 700 до 1.000 евра за хектар. За „Билд урбан“, како што велат, побитна им е референцата, отколку парите.

Урбанистите кои по налог на новото раководство на општина Центар извршиле анализа на досегашните урбанистички планови (изработени главно од овие три фирми) заклучиле дека се работи за планови кои не ги почитувале основните начела за хумано планирање на просторот, за здрава животна средина, за безбедност на граѓаните, за доволен јавен простор по жител...

Ревизијата покажала дека во 32 од 33 урбанистички планови на територијата на општината не се почитуван овие стандарди. Во овој меѓупериод додека траеше мораториумот, бараните промени се извршени само во урбанистички плана. За другите, барањето за прилагодување кон бараните стандарди сѐ уште трае.

Урбанистите заклучиле дека планирањето на овие простори одело на многу примитивно ниво и главно во интерес на инвеститорите и на градежниците.  

Во средата Уставниот суд го укина мораториумот за градба на територијата на општина Центар и даде рок од 30 дена за да реши дали оваа одлука за мораториум е уставна или не.

Дотогаш, предупредува Белчева, сите спорни објекти можат слободно да добијат градежни дозволи.

„Жал ми е да кажам дека се покажува дека јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси. Се прави еден правен вакуум во кој граѓаните се ставаат во една незавидна ситуација. Сега се отвора можност да се направи една ненадоместлива штета, материјална штета заради интересите на малкумина. Вредноста на имотот на многумина да падне, во интерес на малкумина. Ако се спроведат овие урбанистички планови за кои сме докажале дека не ги почитуваат основните урбанистички стандарди, дека не гарантираат безбедно и хумано живеење, за 30 дена ќе се направи ненадоместлива штета. Ќе покажеме иако сакаме да се почитува правото, приватниот интерес секогаш ќе биде над државниот интерес. А требаше да докажеме дека секој поединец може да придонесе во остварување на заложбите на Владата за почитување на европските вредности во борбата против коруптивните стеги и почитување на законитоста. Со оваа одлука сѐ ни се поништува“, изјави Белчева.

Иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за мораториумот до Уставниот суд ја поднесоа Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија.

А.Д.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе