По скандалот со „копањето“ на криптовалути, во АД ГТЦ влегоа ревизорите на ДЗР

Во тек е ревизија на работењето на акционерското друштво ГТЦ, ни потврдија од Државниот завод за ревизија. Во официјален одговор на прашањата на МКД.мк од Регулаторната комисија за енергетика велат дека АД ГТЦ нема лиценца за дистрибуирање на електрична и топлинска енергија. На сите овие аномалии во работењето на АД ГТЦ со години укажуваат сопствениците на дуќани во ГТЦ, а прашањата се отворија со скандалот во кој властите докрај не ја завршија работата со сомневањата за наводната кражба на струја во магацинскиот дел од трговскиот центар за „копање“ на криптовалути во организација на Габриел Бајрам, советник во Град Скопје на СДСМ.

Од Државниот завод за ревизија за МКД.мк велат дека во тек е ревизијата на работењето на АД ГТЦ и не сакаа да дадат никакви детали во врска со тоа.

Од Регулаторна комисија за енергетика за МКД.мк велат дека АД Градски трговски центар досега никогаш не поднело барање за добивање лиценца за тргување со електрична енергија.

„АД ГТЦ е потрошувач на електрична енергија приклучен на електродистрибутивната мрежа којашто ја управува операторот на електродистрибутивниот систем, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Согласно член 93 став (3) точка 11) од Законот за енергетика* (“Службен весник на Република Македонија” бр. 96/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/19) операторот на електродистрибутивниот систем, во согласност со овој закон и прописите и правилата донесени врз основа на овој закон, е должен да ја мери електричната енергија преземена од производителите и од електропреносниот систем и енергијата испорачана до потрошувачите приклучени на електродистрибутивниот систем со кој управува, како и да доставува податоци од мерењата до производителите, снабдувачите или трговците, операторот на електропреносниот систем, операторот на пазарот на електрична енергија и во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон до секоја друга страна што може да ги побара.

Согласно Законот за енергетика вршителите на енергетските дејности не можат да започнат со вршење на дејноста без претходно да им биде издадена лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторната комисија за енергетика во досегашниот период има издадено две лиценци за вршење на енергетската дејност дистрибуција на електрична енергија, и тоа на операторот на електродистрибутивниот систем  - Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, како и на АД ЕСМ Скопје. АД ГТЦ Скопје нема лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на електрична енергија“, се вели во одговорот на РКЕ.

Од таму велат дека АД ГТЦ може да побара да добие статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија и потврдуваат дека оваа компанија нема лиценца и за вршење на енергетска дејност снабдување и со топлинска енергија.

Ова значи дека АД ГТЦ Скопје не е носител на лиценца за ниту една енергетска дејност, а за ова никој ништо не прави.

Од Здружението на граѓани сопственици деловен простор во ГТЦ велат дека АД ГТЦ нема лиценца ни за управување со објектот (според Регулаторна комисија за домување нема лиценца за управување со станбени згради – дел од деловниот простор на ГТЦ е и во станбените згради), за снабдување со вода и наплата, обезбедувањето е без соодветна лиценца, а и наплатата за ѓубретарина и канализација се врши на диво.

АД ГТЦ всушност врши само рефактурирање, а такво нешто не постои во ниту еден закон како дозволена дејност.

Од АД ГТЦ и натаму упорно молчат на поставените прашања. А со години молчат и инспекциските служби на кои за овие работи дуќанџиите со години им укажуваат.

АД ГТЦ е една од оние компании со кои управува државата, во случајов Град Скопје, компанија која отсекогаш е добро место за вдомување на послушните партиски кадри.

Но, да почекаме и на ревизорскиот извештај.

 

А.Д.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе