Додека трае вонредната состојба, град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.
Сите случаи кога даночни и таксени обврзници нема да добијат решенија или во решенијата ќе забележат недостатоци и неправилности, ќе се решаваат по укинување на вонредната состојба.