По наплатните рампи на македонските автопатишта се појавија фалсификувани монети од 1 и 2 евра

Вработените на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта веќе подолго време алармираат на појавата на фалсификувани монети од 2 евра за кои вината на крајот ja плаќаат тие од нивниот џеб. Откако надлежната банка ги открива фалсификуваните монети, тие се испраќаат во Народна банка, а противвредноста на крајот се наплатува како казна од платите на вработените. Фалсификувани монети многу тешко се откриваат и од многу постручни лица од вработените по наплатните рампи.

Ова не е нов проблем во земјите членки на ЕУ. Фалсификувани монети се појавуваат насекаде, а најчесто во Ирска, Италија, Грција и Бугарија. Летово големи полициски акции за откривање на лицата кои ги дистрибуираат и произведуваат фалсификувани монети од 1 и 2 евра имаше во Ирска и Италија.  Пред неколку години бугарската и грчката полиција, во заедничка истрага поддржана и координирана од Европол, разбиле организирана криминална група која произведувала фалсификувани монети евра.

Тогаш беше откриена ковачница во рурална фарма во близина на Солун, а полицијата заплени различни машини, алати, хидраулична машина за пресување, машина за пишување на рабовите, алат за глодање на рабовите, матрици... алати што се користат за производство на фалсификувани монети во апоени од две евра, како и готови фалсификувани монети со белгиски национален дизајн на аверсот. Двајцата главни осомничени, грчки државјанин и 59-годишен маж со двојно државјанство, бугарско и грчко, биле уапсени на Халкидики. Приведени биле уште тројца членови на организираната криминална група во Пловдив, Бугарија.

Во ковачницата со запленетите материјали можело да се произведат монети во вредност поголема од 100.000 евра.

Во Македонија овие фалсификувани монети доаѓаат главно од странците кои влегуваат и излегуваат од Македонија.

Во одговорите на прашањата на МКД.мк од Народна банка на Македонија велат дека за првите шест месеци од годинава примиле 259 сомнителни ковани пари со апоенска вредност од 1 евро и 11.579 со апоенска вредност од 2 евра. Лани не биле регистрирани фалсификувани ковани пари деноминирани во евра.

„Согласно со информациите со кои располагаме сите сомнителни ковани пари кои се доставуваат на вештачење во Народната банка потекнуваат од пунктовите на Јавното претпријатие за државни патишта и истите преку нивната деловна банка експедитивно се отстрануваат од промет и се доставуваат до Народната банка.

Согласно со воспоставената регулатива, за секоја извршена експертиза и утврдена фалсификувана пара се изготвува извештај кој се доставува до доносителот на парите и до Министерството за внатрешни работи во чија надлежност е спроведувањето на истражните и оперативни дејства поврзани со борбата против фалсификувањето на парите.

Согласно со склучените договори за соработка, Народната банка има обврска информацииите за појавените фалсификувани ковани пари да ги доставува до Европската Комисија, со која веќе подолг временски период се остварува успешна соработка на ова поле“, ни одговорија од Народна банка.

Во банките нема соодветна апаратура за откривање на фалсификувани монети, како што има за банкнотите. Една од можните методи на откривање е магнетизираноста на монетите, но во последно време фалсификаторите и тој „проблем“ го решиле. Освен по наплатните рампи, во банките се избегнува употребата на монети  

А.Д.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе