Париз

По 14 дена карантин, македонската државјанка нема коронавирус и е вратена во државава

Македонската државјанка, која со посредство на македонските амбасади во Пекинг и Париз, беше евакуирана од кинескиот град Вухан и помина 14 дена во карантин во Франција се наоѓа во одлична здравствена состојба и поседува соодветен сертификат дека не е инфицирана со коронавирусот.

Во координација со амбасадите во Париз и Софија, успешно е спроведена постапката за нејзино враќање во земјава и во моментот се наоѓа во Македонија.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а амбасадата на Македонија во Токио е во постојан контакт со него.

Од МНР истакнуваат дека од амбасадата редовно комуницираат и со останатите двајца македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во карантин во крузерот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и дека досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе