„Плоштад Слобода“ бара продолжување на рокот за забелешки за Предлог ДУП-от за Мал Ринг

Здружението „Плоштад Слобода“ побара од градоначалникот и Советот на Општина Центар да го продолжат рокот предвиден за одржување на јавната анкета по Предлог-ДУП Мал Ринг за да можат да доставуваат анкетни листови со забелешки.

Од здружението велат дека барањето го поднесуваат поради тоа што биле одбиени сите апели на професионалните и граѓански здруженија и поединци за повлекување на предлог – планот од јавна анкета, поради, како што потенцираат, недемократскиот потенцијал на организирање на јавна презентација и анкета по еден од најкритичните предлог – планови во Општината во најжешкиот летен месец од годината, насред прогласена пандемија и комплетно загрозено јавно здравје во нашата земја.

„Поради особениот интерес разбуден кај јавноста со општествениот дијалог и борба на оваа тема, а отежнати услови за спроведување на јавната анкета, поради сѐ, поголемиот број забелешки за содржината на предлог – планот, поради јавните заложби на градоначалникот Богдановиќ за инкорпорирање на сите аргументирани забелешки во наредната верзија на предлог – планот, а исклучително кратко време на располагање да се достават, бараме да се продолжи рокот во кој предлог – планот ќе биде изложен за граѓаните, а тие ќе можат да доставуваат анкетни листови со забелешки до 31 август 2020 година“, велат од „Плоштад Слобода“.

Од здружението додаваат дека само со дијалог и соработка може да се гради меѓусебната доверба, да се носат соодветни јавни политики и да имаме стабилна јавна администрација и одговорни граѓани.

Предлот ДУП-от за Мал Ринг беше презентиран минатата недела во Општина Центар.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе