ЈП Водовод и канализација-Скопје

Плаќање на заостанатите сметки за вода без камата на 24 рати

ЈП Водовод и канализација-Скопје потсетува дека од утре, 13 мај, граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата. 

„ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвиден рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. 

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот”, се вели во соопштението.

 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе