Петровска и Зелен хуман град: Кој сака да изгорат дрвјата кај Треска?

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска од Зелен хуман град, поранешна директорка на Инспекторатот за животна средина реагираше јавно на пожарот во „Треска“ прашувајќи дали е подметнат со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација.

„Заедно со ЗХГ се прашуваме дали пожарот во Треска е подметнат, со цел да изгорат дрвјата и да се отвори пат за нова бетонизација. 

Треска е еден од ретките простори во општина Центар што дава можност тука да никне нов парк, а објектите да се пренаменат за културен центар и младински зелени стартапи.

Новиот ГУП мора да го зачува овој простор од изградба на нови згради. За борба против загадувањето во градот мора да остане ‘светото тројство’ што го формираат Градскиот парк, парк-шумата Гази Баба и Расадник, но не смее да се бетонизираат ниту Треска, ниту просторот пред Холидеј Ин”, пишува во реакцијата.

За изработка на новиот ГУП, како што се додава во реакцијата на Петровска, мора да донесе Катастар и Стратегија за урбано зеленило со кои зеленилото ќе се попише, постојните паркови ќе се заштитат и ќе се предвидат нови, согласно Законот за урбано зеленило. 

Синоќа пожарникари со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенираа во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“, откако граѓани пријавиле дека од фабричката хала се шири црн чад. 

Претходно граѓани од околината пријавиле во Противпожарната бригада, но им било речено дека чадот е од тоа што непознати лица „топеле кабли на куп” и дека нема потреба да се грижат за чадот.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе