О2 Коалиција

Петиција до општина Гази Баба, поништување на маркиците за индустриски капацитети

Во општина Гази Баба поднесено е барање за итно запирање на постапката за издавање под долгорочен закуп на земјиште (ДУП за Градска четврт „С 17" Блок 1, О. Гази Баба). Барањето е потпишано од група граѓани (371 потписи). Граѓаните бараат итно запирање на постапката за издавање на просторот опфатен со Детален урбанистички план за Градска четврт „С 17" Блок 1 за индустриски капацитети.

Бараме општина Гази Баба да ја преиспита и поништи одлуката за распишување на јавен оглас за јавно наддавање заради издавање под закуп и преиспитување и измена на Детален урбанистички план за Градска четврт „С 17“ Блок 1, се бара во петицијата. Според планот на оваа локација предвидени се индустриски капацитети.

„За да се ублажат барем малку постоечките штетни последици од загадениот воздух, бараме  решенија со кои ќе се овозможи струење на воздухот и негово прочистување така што овој простор да се претвори во парк кој ќе го ублажи штетното влијание од индустријата која веќе постои во тој комплекс согласно компатибилна намена од Д1, Д2, Д3 и Д4...“, се бара во петицијата.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе