Известување од ЕВН

Пет општини утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Сопиште и Студеничани.

Утре без струја од 8 до 15:30 часот, ќе останат дел од бул. „Видое Смилевски Бато", (блокот спроти ПСС згради бр. 1, 3, 5 и 9) во Општина Аеродром. Од 9 до 14 часот, бул. „Партизански одреди", зграда бр. 66., во Општина Карпош. Од 9 до 10:30 часот, дел од ул. „Лазар Димитров" (од бр. 38 до бр. 45) и ул. „Добромир Хрс" во Општина Кисела Вода.

Од 9 до 13 часот, ул. 3 во село Горно Соње во Општина Сопиште, а од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од дел од село Студеничани, од џамијата кон ОУ „Наим Фрашери". Без струја утре од 12 до 15 часот ќе бидат и дел од корисниците од село Морани во Општина Студеничани.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре поради менување водоводен вентил во шахта на „Никола Русински" бр. 12 во општина Карпош., од 9:30 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица.

Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.„Тиквешка" бб во Општина Шуто Оризари, од 17 часот водата е затворена и прекинато водоснабдување имаат корисниците од дел од таа улица. На отстранување на дефектот ќе се работи утре во претпладневните часови.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе