„Паркирај совесно!“ нов едукативен проект за безбедност во сообраќајот

„Паркирај совесно!“ е новиот едукативен проект што ќе се реализира во следните четири месеци од страна на ЈП Паркинзи на Општина Центар, ЈП Градски Паркинг-Скопје, Министерство за внатрешни работи на РМ, Град Скопје и Општина Центар. 

Целта на овој проект, кој што ќе се спроведува секоја година, е да ги едуцира учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање, да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот, како и да им помогне да стекнат основни предзнаења за сообраќајот и прописното паркирање.

„Едукативниот проект ‘Паркирај совесно!‘ ќе се одвива во три фази, во првите два месеци во сите средни училишта во Скопје ќе се одржат интерактивни едукативни предавања за прописно и совесно паркирање наменети за средношколците од трета година како потенцијални идни возачи. Третиот месец средношколците ќе излегуваат на терен заедно со контролорите на двете претпријатија и сообраќајните полицајци и ќе ги предупредуваат сите несовесно паркирани автомобили, а оние кои прописно се паркирани ќе добијат пофалници. Со цел да се поттикнат поактивно да се вклучат во проектот, средношколците ќе имаат задача да направат интересни фотографии од прописно и непрописно паркирани автомобили на паркиралиштата и ќе ги постираат на социјалните мрежи на проектот со интересни постови и хаштази. Најдобрите 10 фотографии кои ќе имаат најмногу лајкови, коментари и споделувања ќе добијат награда – бесплатен летен едукативен камп во Грција. Исто така, пред крајот на школската година ќе се тестираат учениците за стекнатото знаење од едукативните предавања. Десет ученици со најдобри оцени ќе ја добијат главната награда и ќе станат лидери на групи односно ментори на групи во летниот едукативен камп. Овие деца ќе посетуваат обуки за менторство и ќе добијат надоместок за успешно завршената задача“, информираше директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски на денешната прес-конференција.

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, овој проект е еден од многуте проекти што се реализираат од страна на сообраќајната полиција и одделенијата за превенција со цел подигање на нивото на сообраќајната култура. Градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ изјавија дека и градот и општината се соочуваат со сериозен недостаток на обележани паркинг места, а надлежните служби и јавните претпријатија интензивно работат за трајно решавање на сообраќајниот хаос во градот.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе