Во село Драчево

Парк на површина од 5000 квадратни метри на местото на дивата депонија

Општина Кисела Вода во селото Драчево почна  активности за расчистување на една од најголемите диви депонии, на чие место напролет ќе  има зелен парк со садници, патеки за прошетки и урбана опрема.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, граѓаните ќе имаат парк за релаксација и уживање во природата, на површина од 5000 квадратни метри, на местото на депонијата која со години наназад, како што наведува, создаваше грда слика и го загадуваше воздухот.

Општината потсетува дека во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило" е направена голема хортикултурно уредена зелена парковска површина. 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе