Град Скопје

Паноа за бесплатно изборно рекламирање за претседателските избори

Од Градот Скопје ги информираат подносителите на листите за претседателските избори дека треба да поставуваат паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации, согласно Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување изборни плакати во градот.

„Согласно со Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на изборите за претседател на Република Северна Македонија, Град Скопје е должен да објави услови за добивање право за користење места за истакнување изборни плакати, најдоцна до 1 март годинава. За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања доставуваат барање до администрацијата на Град Скопје–Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања, односно до 1 април годинава до 10 часот”, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребувањето, како што информираат, ќе се изврши на 1 април годинава во 11:00 часот, во Град Скопје-Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82–барака 11).

Од Градот Скопје ги објавуваат на локации за поставување паноа:

Во Општина Аеродром на бул.„К.Ј.Питу“ – (ТЦ Скопјанка), бул.„Јане Сандански“ – (ТЦ Бисер), бул.„В.Смилевски Бато“ – (Пошта Ново Лисиче), бул.„3-та Македонска Бригада“ – (Раде Кончар) и бул.„АСНОМ“ – Сала „Јане Сандански“.

Во Општина Бутел на ул.„Босна и Херцеговина“ – (Раскрсница со Александар Урдаревски), на  ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ – (Кино-Бутел), на  „2-ра Македонска Бригада“- (Т.Ц.Треска), на ул.„Радишанска“- (лок.Центар нас.Радишани), на ул.„Александар Урдаревски“(-Раскрсница со улица за рудник „Бањани“) и на ул.„Радишанска“ (-Рас.Паркови и зеленило).

Во Општина Гази Баба на бул.„Александар Македонски“ (Автокоманда спортска сала), на бул.„Александар Македонски“ (кај Алкалоид), на ул.„Благоја Стефковски“ (раскрсница со ул.846), на ул.„Париска Комуна“-нас.Хиподром (последна автобуска станица 50), на ул. „Маџари“ нас. М.А.Ченто (кај пазарот), на ул. „М.А.Ченто“ (раскрсница со ул.Маџари), на ул. „М.А.Ченто“ (последна автобус. станица 45), на ул. „Радован Ковачевиќ“ (лок. центар до ОУ 25 Мај) и на ул. „Радован Ковачевиќ “ (лок.центар економија).

Во Општина Ѓорче Петров на ул.„Ѓорче Петров“ (кај Баумаркет), на ул.„Ѓорче Петров“ (лок.Центар), на ул.„Лука Геров“ населба Даме Груев (автобуска станица) и на ул. „4 Јули“ – (пазар).

Во Општина Карпош на ул. „Ангел Динев“ (кино Влае), на  бул. „Партизански Одреди“ (пред ТЦ Лептокарија), на ул.„Рузвелтова“-„Орце Николов“- (Раскрсница), на ул.„Московска“- (пазар Тафталиџе), на бул. „М.Т. Гологанов“ – (кај Млечен ресторан) и на ул.„Козле“-Нерези (последна автобуска стан.57).

Во Општина Кисела Вода на ул.„Огњан Прица“ (Локални центар-шампионче), на ул.„Сава Ковачевиќ“ (кај Автобуско стојалиште), на Стара рампа, на ул. „Првомајска“ (раскрсница со Бул. „Србија“) во нас.Драчево- локален центар, во село Драчево-(црква).

Во Општина Сарај во Сарај пред црквата и на автобуска станица, последна 12.

Во Општина Центар на бул. „Илинден“-Градски парк (кај фонтана), на бул. „Партизански Одреди“ (пред универзална сала), а ул. „Народен Фронт“ ( ТЦ.Беверли Хилс), на ул. „Македонија“ (пред Дом на АРМ), на влез во ГТЦ, на ул. „11 Октомври“ (спроти ГОБ,спомен чешма), на бул. „Кочо Рацин“ (кај Олимписки базен) и на бул. „К.Ј.Питу“ (комплекс банки).

Во Општина Чаир на бул. „Крсте Мисирков“ ( Бит-пазар), а бул. „Гоце Делчев“ (плато Мавровка), на ул. „Цветан Димов“ (Чаирчанка), на ул. „Кемал Сејфула“ (стадион) и на ул.„Џон Кенеди“-раскрснива бул.„Македонско-косовска бригада“.

Во Општина Шуто Оризари  кај пазарот и кај Општината. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе