Голема акција, велат од Град Скопје

„Пајакот“ са разработи во Чаир и на Бит-пазар

Од Град Скопје велат дека денеска се спроведува голема акција за кревање со „пајак“ на недозволено паркирани возила во Чаир и на Бит-пазар. Во последниве три месеци отстранети биле 172 возила.

Град Скопје информира дека денеска се спроведува голема акција за казнување и кревање со „пајак" на возила кои се недозволено паркирани на јавни површини на територијата на општина Чаир и на Бит-пазар.

Во последниве три месеци екипите на ЈП „Градски паркинг" имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг" апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе