Почна размонтирувањето на „Скопје 2014“

Падна првиот споменик, Ќосето веќе не е пред Врховниот суд

Како што беа поставувани спомениците од проектот „Скопје 2014", под закрилата на ноќта, така синоќа беше и отстранет споменикот на Ќосето и однесен во магацините на Металскиот завод Тито. Работниците рекоа дека налогот за оваа операција бил издаден од град Скопје.

Сѐ уште нема официјална информација за одлуката за отстранување на споменикот и за тоа дали и каде ќе биде поставен.

Споменикот на Андон Јанев-Ќосето беше поставен пред Врховниот суд во 2014 година како донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин за град Скопје. Ова здружение донираше уште четири споменици.

Кога се постави споменикот имаше реакции во јавноста за тоа кој е Ќосето, познат како ликвидаторот на ВМРО.

Работната група за анализа на проектот „Скопје 2014“ на македонската влада почна со разгледување на документациите на три споменици - Ќосето, Мајка Тереза и Воин на коњ.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски лани во ноември изјави дека има сериозни грешки во спроведувањето на процедурите и надлежностите. Културното наследство не само што не било соодветно третирано, туку било злоупотребено, вели министерот за култура.

„Скулптуралната композиција која носи чуден наслов Мајка Тереза беше погрешно финансирана од програмата за културно наследство, иако таму нема никакво културно наследство. Исто така и спорните градби на Плаошник. Ние ќе го заштитиме вистинско културно наследство. Обезбедивме средства за Трескавец, обезбедивме за Офицерскиот дом, ќе обезбедиме средства и за нашето најзагрозено културно наследство. Во таа смисла, „Скопје 2014“ е проект кој нема да дозволиме понатаму да се одвива или да ни влече финансиски средства“, рече Алаѓозовски.

На 3 ноември 2017 ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека сѐ што СДСМ ќе сруши и уништи од она што е создадено, веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој што сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе