Во населба Аеродром

ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ добива лифт за лицата со физичка попреченост

Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и олесни движењето на лицата со физичка попреченост до и во самиот објект.

Изградбата на лифтот, како што соопштија од Општина Аеродорм, почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.

Инаку, лифтот е донација од Американската амбасада, а неговата вредност изнесува околу 57 илјади долари.

 

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе