Отворена нова просторија во прифатилиштето за бездомници во Момин поток

Во рамките на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица во Момин поток денеска се пушта во употреба комплетно опремена новa просторија што ќе се користи како трпезарија.

„Трпезаријата зафаќа простор од 200 метри квадратни и истата ќе можат да ја користат 40 бездомни лица. Градот Скопјe за оваа намена од Буџетот издвои 1,5 милиони денари. Прифатилиштето е опремено сo кревети, тоалети, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што ќе може целосно да одговори на потребите на овие лица. Сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето минатата година беше зголемен од 16 на 32 кревети“ изјави Шилегов.

Во текот на работната недела, пунктот е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток.

„Пунктот и прифатилиштето им стојат на располагание на оние наши сограѓани кои различните животни околности и сиромаштијата ги довеле до перманентно отсуство на дом и услови за ноќевање. Отсуството на социјална поддршка од блиски роднини и пријатели, недоволната исхрана, облека и недостигот на грижата за себе, уште повеќе ја влошува нивната здравствена состојба и ги изложува на други многубројни ризици“ рече Шилегов.

Тој додаде дека Градот во Црвениот крст на град Скопје го препознава вистинскиот партнер за решавање на ова прашање.

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008 година, а Градот во континуитет финансиски го поддржува функционирањето на прифатилиштето и зедно со Црвениот крст  на град Скопје ги следи и излегува во пресрет на потребите на бездомните лица во нашиот град.

Изминативе 2 години интензивно вложуваме во подобрувањето на квалитетот на условите за нормално функционирање на Пунктот и Прифатилиштето.

„Скопје е град за сите и затоа ќе продолжиме и понатаму да водиме грижа со цел на овие лица да им обезбедиме достоинствени услови за живот согласно со  нивните основни потреби и можностите кои во рамките на оваа институција ги имаме на располагање“ порача Шилегов.

Секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска истакна дека поддршката на Градот Скопје е многу значајна бидејќи помошта којашто ја дава  им го олеснуваат животот на бездомните лица.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе