ОПШТИНА ЦЕНТАР

Отворена Боемската улица во Дебар Маало (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Музика, убаво вино и дружење, ова го подготви Општина Центар за вчерашното отворање на Боемската улица во Дебар Маало, на кое беа и музичари и политичари, новинари и стопанственици, режисери и спортисти...

 

Боемската  улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат. 

Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков“ е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила.На улицата се поставени коцки, кои не се нови, туку земени од неколку растурени улици во Скопје.

Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталациа за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери. Беше донесен и пајтон, но само како украсен . Тој е позајмен, за да се види како ќе го прифатат посетителите, соопштија од општина Центар.

Дебар Маало, вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски е боемската душа на Скопје.

За убавата атмосфера се погрижија Бени, Баклава, дуото „Маротови“ и дел од музичарите кои секојдневно ги обиколуваат дебармаалските кафеани.

 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе