Уште еден адреналински простор

Отворен памптрак полигон во Градски парк

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од денеска можат да го користат новиот памптрак полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило" и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен.

Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Просторот е осветлен, хортикултурно уреден и има и фонтана за вода. Извршена е и реконструкција на големиот паркинг во непосредна близина.

Овој полигон е изграден со поддршка од Стопанска банка АД-Скопје.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе