Откриени диви приклучоци на водоводната мрежа во Глумово, Шишево и Сарај

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека во последната спроведена акција за утврдување и исклучување на диви приклучоци на водоводната мрежа, диви приклучоци биле утврдени во Глумово, Шишево и Сарај и оти против сите иматели се поткренати прекршочни пријави.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба, се вели во соопштението од ова јавно претпријатие.

Оттаму велат дека овие акции ги спроведуваат со цел за заштита на системот за водоснабдување, но и на граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието.

„Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе