ЈП „Комунална хигиена“

Отказ за работникот кој фрли отпад во реката Вардар

Работникот од „Комунална хигиена", кој беше фатен како собраниот отпад го фрла во реката Вардар, доби отказ од работа.

Од јавното претпријатие преку соопштение информираа дека денеска е донесена одлука за негово отстранување од работното место.

„Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, кој сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Од овие причини беше донесена одлука денеска 10.06.2019 година, ова лице да биде отстрането од работното место“, се наведува во соопштението.

Случајот се откри кога на социјалните мрежи и на неколку портали беше објавен видео материјал во кој се гледа како работник од ЈП „Комунална хигиена“ го фрла собраниот отпад во Вардар.

Од ЈП „Комунална хигиена“ истакнуваат дека нема да бидат толерирани ниту едно прекршување на работната етика и дисцилина или обиди за уривање на угледот на претпријатието и оти против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки.

„ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работи на подигнување на нивото на хигиената и чистотата во градот Скопје, притоа бележејќи драстично процентуално зголемување на количествата на отстранетиот отпад од диви депонии, како и отпадот што се собира од домаќинствата и правните субјекти, во споредба со изминатите години. Седум дена во неделата, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во три смени го собираат и го транспортираат комуналниот отпад, истовремено одржувајќи ја хигиената и на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини, што подразбира нивно секојдневно метење и миење“, велат од претпријатието.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе