Oпштина Кисела Вода со максимална поддршка за решавање на проблемот со Центарот со зависници

По повод протестите на месното население кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници во Кисела Вода, а кои деновиве повторно стануваат актуелни, општината утре на 19 јуни во 07:00 часот ќе организира уште еден обид јавноста да добие вистинска слика за сериозноста на проблемот со кој тие секојдневно се соочуваат. 

„Градоначалникот на Општна Кисела Вода Филип Темелковски заедно со членовите на советот на општината ќе присуствува на средбата со цел да ја изрази својата подршка за што поскоро решавање на овој веке три децении акутен проблем. Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно наоѓање на трајното решение кое и на самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитет, прием и потребна нега“, истакнуваат од општината.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе