Општина Кисела Вода почна со дезинфекција на станбените згради

Општина Кисела Вода, во рамки на активностите за превенција од ширењето на вирусот Ковид-19 од денес започна дезинфекција на сите колективни станбени згради на оваа територија.

Мобилни тимови организирани од Општината денес вршат прскање за дезинфекција во зградите во урбаните заедници Драчево и Расадник. Утре ќе се врши дезинфекција во урбаните заедници Цветан Димов и Кисела Вода, во сабота во 11 Октомври згради и бараки, додека во недела ќе бидат опфатени колективните станбени објекти во Бирарија, Црниче, Пржино и Припор.

Претходно, Општина Кисела Вода изврши дезинфекција во сите детски градинки, основни и средни училишта, лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, на сите улици, јавни површини, на урбаната опрема, детските игралишта, пред поголемите маркети каде има поголема фреквенција на движење и на автобуските постојки на оваа територија. Оттаму потсетуваат дека во рамките на работните активности за превенција и заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот,  Општина Кисела Вода заедно со Град Скопје, тимовите на Црвениот Крст и хуманитарната организација Св. Спас, организираа можност за бесплатна сервисна помош за лицата со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести. Тие, секојдневно, за своите потреби, за набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, во временскиот период од 08:30 до 12:30 часот, на телефонските броеви 070/379-456  и 02/3211-417 можат да ги контактираат тимовите кои имаат задача бесплатно да им помагаат.

 

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе