Општина Кисела Вода денеска додели 71 ваучер за новороденчиња

Општина Кисела Вода денеска додели 71 ваучер за новороденчиња, од кои 38 за женски и 33 за машки деца.

Ваучерите на семејствата им ги подели секретарот на општината, Александар Алексовски.

Од прес-службата на општината соопштуваат дека паричната помош во висина од 6.000 денари ја доделуваат со цел да им излезат во пресрет на семејствата за првичните потреби, кои имаат принова и се со адреса на живеење во територијата на оваа општина.

Заинтересираните за добивање на парична помош, во рок од 90 дена од раѓањето на детето треба да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе