Општина Карпош ги повика граѓаните кои имаат штети од невремето да поднесат барања

По вчерашното невреме, односно силниот ветер кој достигна брзина до 110 километри начас, во текот на целата ноќ и утринава, комуналните служби на Општина Карпош и јавните градски претпријатија работат на отстранување на последиците, се расчистуваат паднатите дрвја кои имаат блокирано улици, пешачки делови, како и влезови пред основни училишта и градинки.

„Со цел да се санира штетата, вработените во урбаните заедници ги мапираа критичните точки, направените штети и континуирано испраќаат информации до општинските сектори и градските претпријатија.

Ги повикуваме заедниците на сопственици кои се соочија со поголеми штети (уништување на покриви или дел од покривните површини, фасади и сл.), да достават соодветно барање до Општината заради ублажување на последиците од штетите. Локалната самоуправа ќе обезбеди поддршка во рамките на своите можности и законски надлежности“, соопштија од Општина Карпош.

Оттаму информираат дека се во постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). За утре, во попладневните часови, повторно се предвидува посилен ветер.

Од Општината апелираат до сите граѓани, да бидат на безбедно, да водат сметка за околината и своите возила да не ги паркираат под повисоки дрвја.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе