Општина Чаир се збратимува со американскиот град Стаунтон, родното место на Вудроу Вилсон

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу објави дека општината се збратимува со американскиот град Стаунтон во државата Вирџинија.

На посебна седница на Собранието на Стаунтон организирана во чест на посетата на градоначалникот Ганиу, усвоена е резолуција за официјално започнување на соработката на двете општини.

„Делегацијата која ја предводеше градоначалникот на општина Чаир го одбра градот Стаунтон бидејќи тоа е родното место на претседателот Вудроу Вилсон, еден од најзначајните личности на американската политика кој се бореше за правата на помалите држави на Балканот“, се вели во соопштението од општина Чаир.

Оттаму информираат дека делегација на Стаунтон на 21 овој месец ќе ја посети општина Чаир и ќе биде поставена статуа на претседателот Вилсон во знак на благодарност и почит кон неговата личност и дело. 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе