„Цел Центар на точак“

Oпштина Центар со нови субвенции за велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет

Општина Центар од денеска ја спроведува акцијата „Цел Центар на точак”, со која ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Како што стои во соопштението од Општината, секој полнолетен жител на општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од 14-ти мај, потребно е да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од денес, 14-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и за субвенционирањето. Правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе