Реакција

Oпштина Центар смета дека забелешките на Шанса за Центар се неосновани

Паушални и политикантски се барањата на носителот на советничката листа на Шанса за Центар, Јана Белчева Андреевска, поврзани со КК Работнички, реагира општина Центар на денешното соопштение на граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

„Ако Шанса за Центар смета дека треба да бидат одземени термините на КК Работнички, а се поврзани со поволностите што ги дава општината, односно обезбедување на средства и подобрување на условите, сакаме да напоменеме дека КК Работнички е нашиот најтрофеен македонски кошаркарски клуб кој годинава прославува 75 години од постоењето. За информација, освен машкиот, има и женски КК Работнички. Општината помага и во други спортови, како кикбокс, бокс, ракомет, карате, одбојка и така натаму.

Во однос на таблетите, односно лап топ компјутерите, доколку советничката Белчева смета дека наместо на советниците, лап-топ компјутерите треба да се доделат на учениците, на наредната седница слободно може да поднесе амандман и на советниците да им бидат одземени. Сакаме да нагласиме дека последниот хонорар на советниците од СДСМ и коалицијата и платата на градоначалникот Саша Богдановиќ, ќе ги донираат за купување на лап-топи или таблети за деца од социјално загрозени семејства, со цел да им обезбедиме непречена настава. За лап-топ компјутерите, секој член на Советот ќе си се произнесе дали ќе го донира или не лап-топ компјутерот или мобилниот телефон, кои му следуваат со стапувањето на фукнција. Бидејќи во тек е изборниот период и сите донации се забранети, донациите ќе ги оствариме по завршувањето на локалните избори, со цел да не го прекршиме Изборниот законик. Штом се ослободи простор за ребаланс на буџетот, советничката група на СДСМ ќе поднесе предлог до Советот за сите средства наменети за патувања на советниците и на градоначалникот, да се пренаменат за лап-топ компјутери и таблети на деца од социјално загрозени семејства.

Што се однесува до планот за вработување, појаснуваме дека не станува збор за никакви партиски вработувања и не се вработувања пред изборите. Тоа е законска обврска со која градоначалникот до Советот достави план за вработување за идната година и доколку општината процени дека има потреба, тогаш се распишува оглас или огласи за вработување. Доколку планот за вработување не се донесе, се доведуваме во ситуација општината во наредната година да нема простор да распредели одредени кадри, потребни за функционирање на општинската администрација. Апелираме советничката Белчева Андреевска да не ја замајува јавноста со сензационалистички барања, туку да седне, да го прочита Законот за вработените во јавниот сектор, каде јасно, во член 20-б е опишана целосната постапка за изготвување на годишен план за вработување и да почне реално да се грижи за проблемите на Центар и центарци“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе