Општина Центар пак го поништи одобрението за градење на т.н. „Шпански скали“

Градоначалникот на скопската општина Центар, постапувајќи во повторна постапка, донесе решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на улица „11-ти Октомври“ ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје.

Со ова, соопшти денеска општина Центар, повторно се поништува одобрението за градење на инвеститорот во однос на градењето на таканаречените „Шпански скали“, кои требаа да никнат на порсторот кој се наоѓа на плоштадот Македонија.

Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил отпочнување на градба, согласно член 67 од Законот за градење, ниту пак почнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението, согласно член 66 став 1 од Законот за градење, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

„Првично, градоначалникот на општина Центар – Скопје на 09.02.2018 година донесе Решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на ул.11-ти Октомври ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје, на кое инвеститорот поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија“, се појаснува во соопштението од Општина Центар. 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе