По најавениот протест на дебармаалци

Општина Центар останува на ставот дека исечените дрва на „Орце Николов” ќе бидат заменети со нови

По најавениот протест на дебармаалци под мотото „Кога пилите ќе стивнат” поради сечата на дрвата на „Орце Николов” закажан за денека на пладне, се огалси и Општина Центар со соопштение дека остануват посветени на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, дека во целост го разбираат најавениот протест на граѓаните и целосно го поддржуваат правото на слобода на говор и изразување.

Оттаму, како што велат, по барањата упатени до Општина Центар од организаторите на протестот, „Зелен хуман град“, сакаат да разјаснат неколку дилеми кои изминатите денови кружат во јавноста.

„Издадено е решение за отстранување на 13 дрва, од кои отстранети се 8, по претходно извршени испитувања од надлежните стручни служби, каде е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрва. Крошните на дрвата чии гранки се кршеа при секое поголемо невреме во градот претставуваа опасност за граѓаните и минувачите. Во повеќе наврати до општината од жителите од околните згради има пристигнати писмени барања за отстранување на дрвата. Оние дрва што се отстранија, ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници, а за останатите ќе се бараат дополнителни решенија”, велат од Општина Центар.

Притоа појаснуваат дека проектот за улицата „Орце Николов“ веќе две години е изложен на увид во Општина Центар, објавен е на општинската веб страна, неколку пати е објавуван и во јавноста и сите засегнати граѓани можат да дојдат во општината и лично или електронски да се уверат во содржината на истиот. Извршена е ревизија и проектот за улицата „Орце Николов“ ги има поминато сите фази на контрола при изработката. 

Крајната цел, според Општината, е граѓаните да добијат квалитетна и безбедна реконструирана улица, а еден од приоритетите е заштитата на животната средина.

„Со носењето на новите 8 ДУП-ови успеавме да сочуваме 13.000 метри квадратни урбано зеленило, паркови и зелени површини и ја воведовме обврската за обезбедување на 20% зеленило во секоја градежна парцела. Политиките за зазеленување на општината се евидентни со сите наши активности и проекти, меѓу кои и замената на старите фасади со нови, еколошки и ефикасни, проектот ‘Цел Центар на точак', поставување на енергетски-ефикасни фасади на детските градинки и училишта, Зелената еко зона на Сквер Јадран, но и со секојдневното одржување и обновување на уличното и парковското зеленило во надлежност под општината”, се наведува во соопштението.

Општина Центар останува на ставот за зачувување на целиот дрворед на улицата „Орце Николов“, отстранетите дрва ќе се заменат со нови, а Центар, Скопје и граѓаните, како што велат, ќе добијат нова, квалитетна и безбедна улица.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе