Општина Центар, ЈП ПОЦ, Скопски пазар и пазарџиите од Зелен пазар се договорија за паркиралиште

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, се сретнаа со директорот на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев и со претставници на пазарџиите од „Зелен Пазар“ со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

На средбата, како што соопштија од Општина Центар, се разгледувале доставените барања од страна на пазарџиите, се разговарало за нови ефикасни решенија кои се во интерес и на жителите и на трговците од „Зелен Пазар“ и постигнат е договор кој ќе го реши проблемот на ова паркиралиште. 

„ЈП ПОЦ во март ќе го уреди дивиот паркинг зад ‘Зелен Пазар‘ кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На ова неуредено паркиралиште ЈП ПОЦ ќе постави нов систем за контрола на влезно-излезни рампи, односно, едниот дел ќе биде наменет за товарните возила на пазарџиите, а останатиот дел ќе биде резидентен паркинг за жителите од ул. ‘11 Октомври‘ и  бул. ‘Кочо Рацин‘. Со отворање на ова паркиралиште, паркиралиштето ‘Аутомакедонија‘ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови“, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Општината, како што се додава, во координација со пазарна инспекција ќе ја преземе одговорноста за дивите пазарџии на паркиралиштето кај „Аутомакедонија“.

 

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе