Паркинзи на општина Центар отворија преноќувалиште за бездомници

„Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар-Скопје од денеска отвора преноќувалиште за бездомни лица во општина Центар коешто ќе функционира за време на екстремно ниските температури“, изјави денеска на прес-конференција директорот на „ПОЦ“, Саша Богдановиќ.

Тој заедно со градоначалникот на општина Центар Жерновски објаснија дека тука ќе  овозможат да ја поминуваат ноќта сограѓани кои сега се по улиците, и објаснија дека ќе им овозможат и пакети со храна за вечера и за појадок и топли напитоци.

„Голем студ ја зафати Македонија. Денеска се најавува дека ќе биде еден од најстудените денови, со темтература од минус 20 степени во Скопје. Луѓе мрзнат надвор, семејства се завеани по села и градови, излизгани се возила по патиштата... За жал јасно е за сите дека поради неодговорните политики на досегашната централна власт државните институции не се во состојба да одговорат на потребите на граѓаните“, истакна Богдановиќ

Тој објасни дека преноќувалиштето ќе работи според стандардните процедури за вакви пунктови, од 16 часот попладне до 10 часот наутро и ги повика сите кои се во можност да отворат вакви преноќувалишта или да помогнат на бездомните граѓани, тоа да го направат.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе