Герила акција

Општина Аеродром реши да ја затвори фонтаната кај ТЦ Бисер и таму „никна“ праз (ФОТО)

Праз „никна“ во дел од фонтаната кај ТЦ Бисер во скопската населба Аеродром која од неодамна е полна со земја. Од Општина Аеродром велат дека станува збор за герила акција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако општината решила да ја затвори фонтаната и да ја претвори во хортикултурно катче.

„Да, праз, затоа што само празна глава може ова да го направи. Златко, имаш ли ти памет?“, коментираат жителите на Аеродром по одлуката на градоначалникот Златко Марин фонтаната да ја затрупа со земја и таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца.

„По барање на граѓаните, одлучено е фонтаната да биде претворена во хортикултурно катче, а деновиве ќе бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрва. Скапо е повторно да се репарира фонтана што е стара повеќе од 12 години, па се одлучивме на ваков чекор“, велат од општината.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе