Општина Аеродром ја реорганизира својата служба за комунална чистота

Во присуство на повеќе жители на Општина Аеродром и на градоначалникот Златко Марин, денес во паркчето кај споменикот „Јане Сандански" беше претставена новата реорганизација на комуналната служба на Општина Аеродром, со цел обезбедување почисти јавни површини на целата територија на Општината.

Имено, во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и расчистување мини депонии, како и 10 специјални возила, т.н. „метачки на смет" и цистерни за миење на улиците и на јавните пешачки површини.

Дополнително се ангажирани и повеќе сезонски работници, односно бројот на извршители за одржување на пешачките патеки и јавната чистота во целост се зголемува од 120 на 200, со цел, како што велат од општината, да се постигне поголема ефикасност на новиот начин на работа, а во служба на граѓаните.

„Идејата на оваа реформа е, всушност, поефикасно и побрзо решавање на проблемите од аспект на хигиената на општината, но и да се поттикнат самите граѓани да бидат свесни и да ги пријавуваат проблемите со кои се соочуваат, како и сметот и малите депонии во нивното опкружување", дополнува Општина Аеродром.

За таа цел, општината го отвори и телефонскиот број 075 316 515 на кој ќе може да се пријавуваат нечистотиите, со цел нивно поефикасно санирање.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе